Достапни линкови

Двајца македонски спортисти одат на Параолимписки игри


Оливера Наковска - Бикова и Ванчо Каранфиловски се двајцата македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на 14. Параолимписки игри што од 29 август до 9 септември ќе се одржат во Лондон.
Тие ќе се натпреваруваат во три дисциплини: воздушен пиштол, спортски пиштол на 25 метри и малокалибарски пиштол на 50 метри.
Првите игри за лица со инвалидитет пред 64 години се одржани во Обединетото Кралство. Годинава, се очекува да учествуваат над 4.000 спортисти кои ќе се натпреваруваат во околу 500 дисциплини. Досега се продадени над два милиони билети.
XS
SM
MD
LG