Достапни линкови

logo-print

Рикер-САД остануваат силен поддржувач на Македонија


САД остануваат силен поддржувач на евро-атлантската интеграција на Македонија, изјави Филип Рикер, по днешната средба со премиерот Никола Груевски. Рикер го поздрави Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

„Очигледно Пристапниот дијалог на високо ниво е добра можност да се продолжи со работата на реформите во важни области како владеење на правото, слобода на медиуми. Тоа се важни прашања кои ние сме ги дискутирале повеќе пати и ќе продолжиме да ги покренуваме. Реформскиот процес е добра можност и затоа го охрабруваме прогресот во таа насока“, изјави Рикер.
XS
SM
MD
LG