Достапни линкови

Попоски се сретна со Рикер


Македонија останува отворена за дијалог со Грција и со конструктивен пристап се обидува да ја надмине препреката која ги блокира евро-атланските интеграции на земјата. За таа цел Македонија очекува натамошна засилена поддршка од САД , рекол министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер.
Двајцата соговорници зборувале и за актуелните меѓународни прашања и регионалните случувања во Југоисточна Европа, но и за борбата против меѓународниот тероризам, се наведува во соопштението од МНР.
Рикер го реафирмирал познатиот став дека Соединетите Американски Држави се за што поскорешно членство на Македонија во НАТО, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG