Достапни линкови

Предупредување пратениците да на патуваат во југоисточна Турција


Eксплозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Газиантеп

Eксплозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Газиантеп

Турското разузнавање и полицијата упатија предупредување до пратениците да не патуваат во југоисточна Турција и конкретно, во округот Газиантеп заради засилена терористичка дејност во регионот.
Девет луѓе загинаа, а 69 се ранети при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Газиантеп синоќа. Во викендот демонстранти го нападнаа со камења турскиот министер за внатрешните работи Идрис Наим Шахин за време на посета на југоисточниот град Хакјари. Во југоисточна Турција се активни бунтовниците од ПКК кои денеска негираа поврзаност со терористичкиот напад во Газиантеп.
XS
SM
MD
LG