Достапни линкови

logo-print

Референдумот за соборување на Басеску е невалиден


Романскиот претседателот Трајан Басеску

Романскиот претседателот Трајан Басеску

Референдумот за отповикување на романскиот претседателот Трајан Басеску е невалиден, одлучи денеска романскиот Уставен суд. Судската одлука беше усвоена со 6 гласа „за“ и 3 против. Отстранетиот претседател Трајан Басеску се очекува да се врати во претседателската палата.
Басеску беше суспендиран од страна на парламентот на 6 јули, по иницијатива на владејачката коалиција предводена од премиерот Виктор Понта. Тоа доведе до референдум, но одзивот беше под 50 проценти. Речиси 90 отсто од оние кои гласаа беа за соборување на Басеску. Басеску беше избран за втор петгодишен мандат во 2009 година.
XS
SM
MD
LG