Достапни линкови

logo-print

Средба Иванов-Јосиповиќ во Хрватска


Претседателот Ѓорге Иванов, кој е во работна посета на Хрватска, денеска се сретнал со неговиот домаќин Иво Јосиповиќ.
Разговорите биле фокусирани на можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, стратешките цели на Македонија и предизвиците во регионалната соработка.
Двајцата соговорници се согласиле дека во изминатите дваесет години двете земји имаат добри односи на повеќе полиња и изразиле подготвеност за нивно продлабочување.

Претседателот Јосиповиќ изјавил дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроатлантските интеграции, притоа оценувајќи дека билатералните проблеми не смеат да влијаат во индивидуалниот пат на која било држава кон Европската Унија.

Двајцата претседатели ја истакнаа и важноста од регионалната соработка за унапредување на севкупните односи во регионот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
XS
SM
MD
LG