Достапни линкови

Што ќе му каже Груевски на Рикер?


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Филип Рикер, заменик помошник државен секретар на САД. Охрид, Македонија.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Филип Рикер, заменик помошник државен секретар на САД. Охрид, Македонија.

Процесите на евро-атланските интеграции на земјава, исполнувањето на реформите и модернизацијата за исполнување на стандардите, партнерскиот однос меѓу Македонија и САД како и останатите теми од заеднички интерес се фокус на разговорите меѓу Филип Рикер и државниот врв.

Во Владата, во тек е средбата на премиерот Никола Груевски со заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер. Процесите на европските и евроатланските интеграции на земјава, исполнувањето на реформите и модернизацијата за исполнување на стандардите, партнерскиот однос меѓу Македонија и САД како и останатите теми од заеднички интерес се фокус на разговорите, велат од Владата.
Од вчерашната средба во Охрид.

Од вчерашната средба во Охрид.


Средбите со државниот врв Рикер ги започна вчера во Охрид, каде со претседателот Иванов разменија мислења и информации за стратешките цели на Македонија - членството во НАТО и ЕУ како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси. Двајцата соговорници се согласија дека не постои алтернатива ниту за регионот ниту за Македонија, освен целосна интеграција во ЕУ и Нато.

Експертите освен евроатланската интеграција на земјава и последните домашни случувања ги најавуваат како теми на разговорите. Тие издвојуваат дека овојпат интересно е што претходно САД преку својата амбасада во Скопје, интервенираа во односите на владините коалициски партнери по прашањето на односот на министерот за одбрана Фатмир Бесими за Слупчане, каде беше положено цвеќе пред споменик на ОВК. Ова значи дека и меѓуетничките односи ќе бидат тема покрај евроинтегративните процеси, коментира стручната јавност.

Според нивните анализи можеби тоа ќе биде уште еден благ или можеби посилен притисок врз политичката елита на Македонија да прави посмели продори во две сфери. Едната е меѓунационалните односи, кое беше споменето и во последното соопштение на амбасадата. И втората е како да се направи продор во меѓународните односи, да се разреши спорот со Грција.

Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, 18 јануари 2012

Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, 18 јануари 2012

За време на петдневната посета најавено е дека Рикер ќе има средби и со други претставници на Владата, бизнисмени и политички партии. На досегашните средби со државниот врв потврдени се и партнерските односи меѓу Македонија и САД и подготвеноста за натамошно нивно интезивирање во обласите од заемен интерес.
Филип Рикер во Македонија останува до 25 авгус.

Во Охрид Рикер имаше обраќање и пред учесниците на школата за млади лидери која се одржува под покровителство на претседателот Иванов.

Заменик помошникот државен секретар Рикер и овојпат ќе посети и други земји во регионот. Ова за Рикер, кој беше американски амбасадор, е втора посета на Македонија годинава. Ова е исто така втора посета на висок претставник на меѓународната заедница на Македонија ова лето. Пред само еден месец во земјава беше и Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, а заедно со него и медијаторот во преговорите со Грција за името Метју Нимиц.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG