Достапни линкови

logo-print

Марш за подршка на Тимошенко во Киев


Стотици подржувачи на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко маршираа денеска низ улиците на Киев, барајки нејзино итно ослободување од затвор. Украинскиот Врховер суд треба да ја разгледува жалбата на Тимошенко на пресудата со која е осудена на 7 години затвор поради злоупотреба на функцијата. Нејзините подржувачи, Европската Унија и Соединетите Држави сметаат дека таа е жртва на политичка одмазда. Вториот судски процес против Тимошенко, за даночно затајување, треба да продолжи на 11-ти септември.
XS
SM
MD
LG