Достапни линкови

Лавров го предупредува Западот да не превзема акција во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди Западот да не превзема унилатерална акција во Сирија, нагласувајки дека Русија и Кина сметаат оти кршењето на меѓународното право и на повелбата на Обединетите Нации е недозволиво. Русија и Кина досега ставија вето на 3 резолуции на Советот за безбедност со кои требаше да биде извршен притисок врз режимот на Башар Ал Асад за запирање на насилствата во Сирија. До ваквиот коментар на Лавров доаѓа откако американскиот претседател Барак Обама се закани со одговор доколку сиријскиот режим употреби хемиско и биолошко оружје.
XS
SM
MD
LG