Достапни линкови

logo-print

"Разбуди се" против предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ


Граѓанското движење Разбуди се изразува загриженост во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за доставување предлог закон до Собранието на Македонија за безбедносните сили инволвирани во конфликтот од 2001-ва година, со кој се исклучени членовите на ОНА.

ВМРО-ДПМНЕ го има потпишано Охридскиот договор и ја има потврдено амнестијата за припадниците на ОНА, со што ја прифати нивната рамноправност со сите други учесници во конфликтот. Доколку се потврди обидот за диференцијација и институционална дискриминација на учесниците во конфликтот, политичките партии на албанците треба да се спротистават, а свој придонес треба да дадат и другите делови од општеството кои не сакаат да ја вратат атмосферата во Македонија како во 2001-ва, туку сакаат да ја видат земјата во НАТО и во Европската Унија, се вели во реакцијата на Разбуди се.
XS
SM
MD
LG