Достапни линкови

Извештајот за Косово пред Советот за безбедност на ОН


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Советот за безбедност на ОН денеска ќе го разгледа извештајот за Косово на генералниот секретар Бан Ки Мун, во кој ги повикува Белград и Приштина да бидат конструктивни во надминувањето на тешкотиите во примената на договорите постигнати во дијалогот. Во извештајот, кој се однесува на периодот од 16 април до 15 јули, Мун наведува дека е задоволен од досегашните резултати на дијалогот меѓу Србија и Косово, но изразува загриженост поради проблемите во спроведувањето на некои од постигнатите договори.
На седницата ќе учествуваат и премиерите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Ивица Дачиќ.
XS
SM
MD
LG