Достапни линкови

Продолжува судењето на Ратко Младиќ


Денеска во Хашкиот трибунал по едномесечната летна пауза, продолжува судењето на поранешниот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, обвинет за геноцид врз несрпското население во БиХ. Обвинителите ќе го продолжат изнесувањето докази против Младиќ, а според најавите, би требало да сведочи поранешниот британски новинар Ернаут ван Линден, кој за време на војната во БиХ како дописник на телевизијата Скај ги интервјуирал Младиќ и лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ.
Судењето на Младиќ започна на 16 мај, кога обвинителите го одржаа воведниот говор.
XS
SM
MD
LG