Достапни линкови

Јапонска новинарка загинала во Сирија


Јапонската новинарка Мика Јамамото загинала во Сирија, потврдија официјални лица во Токио. Таа известувала од сирискиот град Алепо, каде што настрадала во оружена престрелка.
Сириската канцеларија за човекови права соопшти дека три други странски репортери се исчезнати во Алепо, каде што се водат тешки борби во изминатите неколку недели.
Според Обединетите Нации, повеќе од 18 илјади луѓе загинале во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на Башар ал Асад пред 17 месеци.
XS
SM
MD
LG