Достапни линкови

Либија сепак ќе му суди на синот на Гадафи


Сеиф ал Ислам Гадафи

Сеиф ал Ислам Гадафи

Либија ќе му суди на Сеиф ал Ислам Гадафи, синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи и покрај противењето на Меѓународниот кривичен суд, кој го бара поради воени злосторства. Претставникот на Либија во тој суд Ахмед ал Џехани изјави дека судењето ќе почне во идниот месец, најверојатно во градот Зинтан, каде што Сеиф се наоѓа во притвор.
Сеиф ал Ислам, кој се сметаше за политички наследник на својот татко, сака да биде испорачан во Хаг. Од неговото апсење во минатата година Либија е во спор со Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на Ал Ислам и бара да му суди за воени злосторства. Судот смета дека Либија не е во состојба да спроведе правично судење на синот на Гадафи, но Триполи го негира тоа.
XS
SM
MD
LG