Достапни линкови

САД: Асанж го оттргнува вниманието од обвиненијата против него


Викторија Нуланд, портпарол на Стејт департментот

Викторија Нуланд, портпарол на Стејт департментот

Американскиот Стејт департмент го обвини основачот на интернет сајтот Викиликс Џулијан Асанж дека со критиките на сметка на САД се обидува да го оттргне вниманието од обвиненијата за сексуална злоупотреба, за што се товари во Шведска. Портпаролката Викторија Нуланд изјави дека случајот на Асанж нема никаква врска со САД или со објавувањето на американски депеши преку Викиликс. Таа нагласува дека израчувањето на Асанж е исклучиво работа на Велика Британија, бидејќи основачот на Викиликс се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, како и на Шведска и Еквадор.
XS
SM
MD
LG