Достапни линкови

Во Турција, членството во ЕУ ја губи привлечноста


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во воената база „Хуркус“, 2012

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во воената база „Хуркус“, 2012

Во услови на драмата со еврото, Турција бележи економски раст додека нејзините европски соседи страдаат. Резултат на тоа, како што пишува германски „Шпигел“, е новоткриената самодоверба која за Турција членството во ЕУ го прави помалку привлечно. Но, намалените аспирации би можело да ги развлечат важните демократски реформи.

„Се е супер“ извикува насмеаниот продавач на весници Мендерес во Истанбул. Деновиве бизнисот добро му оди. И не само нему, пишува весникот „Шпигел“.

Турската економија бележи бум, а лани имаше втора најголема стапка на раст со 8 ипол насто. Земјата има младо население и робустна трговска култура.

Мендерес не се срами да се споредува со европските земји.

„Нема криза во Турција. Нашиот премиер Ердоган работи добро“, вели тој, кој во врска со предолгото чекање пред вратите на Европската унија додава:

„Не сакаме да зависиме од други. Ние сме си доволно силни“. Мендерес не е осамен во неговото размислување.
Нема криза во Турција. Нашиот премиер Ердоган работи добро. Не сакаме да зависиме од други.


Во 2004 година, малку пред почетокот на пристапните преговори со Брисел, анкетите покажуваа дека 75 насто од турците сакаат нивната земја да стане членка на ЕУ. Сега таа бројка е под 50 проценти.

„Кризата во еврозоната го намали ентузијазмот за Унијата“ вели политичкиот експерт Ченгиз Актар.

И покрај големиот пораст, Турција не остана нечепната од еврокризата. Стапката на пораст годинава е 3,2 насто, главно поради лошата состојба во европските земји, кои впрочем и се главни трговски партнери.

Имено, повеќе од една третина од турскиот извоз оди во ЕУ и околу 80 проценти од директните странски инвестиции се од Унијата.


Но, Турција, како што пишува „Шпигел“, не зависи само економски од Европа. Многумина страхуваат дека не може да дојде до напредок во клучните социјални политички реформи доколку почне да се намалуваат изгледите за членство во Европската унија.

„Треба уште многу да се направи кога станува збор за човековите права и едукацијата“ вели 42 годишната учителка Дерија, додавајќи дека тоа може да биде постигнато само со помош на Европската унија.

Всушност, Ердогановата конзервативно религиозна Партија на правдата и развојот го искористи процесот за влез во ЕУ да ја трансформира Турција во подемократска земја. Но, по послабите резултати при реизборот на оваа партија лани желбите за реформи ослабеа.
Треба уште многу да се направи кога станува збор за човековите права и едукацијата.


Дури и кога Ердоган повеќе сака да ја позицира Турција во Арапскиот свет како модел за муслиманска демократија, илјадници курди, студенти и новинари се во затворите.

Алиа Билалоглу, шеф на големиот увозник на автомобили „Догус Отомотив“ смета дека Турција сака да се зачлени во Унијата и затоа е неопходно Брисел конечно да донесе одлука дали ќе ја прифати.

Во спротивно сегашната тендеција на самодоверба кај турските политичари е многу опасна, се заклучува во коментарот објавен во германски „Шпигел“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG