Достапни линкови

Уапсени осомничените за бомбашките напади во Триполи


Либиските власти уапсиле четири луѓе осомничени за смртоносните бомбашки напади во Триполи во неделата. Полицијата соопшти дека напаѓачите биле лојални на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Од уапсените еден е клучниот осмничен за нападите, а другите му биле помошници. Полицијата трага по петтиот осмничен. Две лица загинаа, а четворица беа повредени во нападите во близина на воената академија и на Министерството за внатрешни работи во Триполи. Тоа беа први смртоносни бомбашки напади во Триполи откако беше соборен Гадафи минатата година. Од полицијата соопштија дека главниот осомничен рекол дека ги извршил нападите за да ја одмазди смртта на неговиот брат кој загинал во воздушен напад на НАТО минатата година насочени против режимот на Гадафи.
XS
SM
MD
LG