Достапни линкови

logo-print

Сирија- во земјата нема граѓанска војна


Сириското Mинистерство за надворешни работи денеска соопшти дека тоа што се случува во Сирија не може да се нарече граѓанска војна. Од министерството велат дека да се тврди такво нешто е во спротивно на реалноста. Од таму велат дека она што се случува на терен се терористички злосторства против сирискиот народ. Соопштението на Министествато е реакција на изјавата на новиот меѓународен пратеник за Сирија Лахдар Брахими кој вчера изјави дека веќе не се работи за тоа да се избегне граѓанската војна во Сирија, туку како да се запре.
XS
SM
MD
LG