Достапни линкови

logo-print

Руската полиција трага по останатите члeнки на „Пуси Рајот“


Руската полиција соопшти дека е во потрага по останатите члeнови на руската панк група „Пуси Рајот“. Три членки на бендот се осудени на 2 години затвор поради одржување на анти-Путин протест во црква во Москва. На 21 февруари, пет жени члeнки на групата изведоа перформанс во катедрала во Москва, насочен против претседателот Владимир Путин. Три од члeнките се веќе во затвoр, додека другите две остана на слобода. Пресудата против панкерките предизвика протести во Русија и во целиот свет. Нивниот адвокат денеска соопшти дека тие нема да бараат од Путин да ги помилува, но сепак планираат да поднесат жалба.
XS
SM
MD
LG