Достапни линкови

Во Германија обвинета група од 26 неонацисти


Во германскиот град Кобленц денеска е обвинета група од 26 неонацисти за капмања против левичарите во земјата. Обвинителството против 20 мажи од групата подигна обвиненија за формирање екстремистичка група, а шестмина се обвините дека им помагале во активностите. Полиција претходно изврши рации во четири германски области за да ја растури групата. Обвинителите соопштија дека групата собирала имиња и адресите на потенцијални жртви и тајно ги следеле. Некои од мажите на возраст меѓу 19 и 54 години беа обвинети и за физички напади. Судењето се одржува под силно обезбедување.
XS
SM
MD
LG