Достапни линкови

logo-print

Турција- ОН да формираат „безбедна зона“ во Сирија


Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека ОН може треба да формираат „безбедна зона“ во Сирија во услови кога расте брoјот на раселените поради борбите меѓу бунтовниците и владините сили. Тој ги повика ОН да постават кампови за раселени цивили „во рамките на границите на Сирија“ со цел да се намали протокот на бегалци во Турција.
Давутоглу изјави дека Турција не може да прими повеќе од 100 илјади сириски бегалци. Досега околу 70 илјади Сиријци пребегале во Турција.
XS
SM
MD
LG