Достапни линкови

Неизвесно традиционалното искачување на Кораб


Долгогодишниот планинар докторот Стојан Митевски стравува дека годинава нема да се оддржи традиционалното искачување на Кораб по повод 8-ми Септември, кое има интернационален карактер. Митевски вели дека со забраната за движење низ шумите поради последните пожари кои ја зафатија земјава, им е ограничено правото на движење, па негови колеги на планинарски подготовки одат во соседните земји, а странските планинари кои требаше да дојдат годинава може и да не дојдат воопшто

Доаѓаат планинари од други држави и обично тие си практикуваат да дојдат една недела или десет дена порано од предвидениот марш и си се сместуваат тука. Меѓутоа за нивниот престој тука тие сакаат да поминат и повеќе други планини, односно врвови во Македонија и како „крем“ на крај да им биде Кораб. Но бидејќи оваа година има забрана за движење во шуми некако им е скратено тоа задоволство. Пред некој ден слушнав дека и туристичките работници барале да се дозволи тие гости сепак да дојдат, да присуствуваат тука, но движењето да биде со придружба.
ни велат никој нема против да идете, но било што да се случи вие сте на списокот, ако се појави пожар, вие ќе знаете кој го направил. А ние од кај да знаеме горе кој се се движи и како се движи. Овие два месеци имаше забрана, меѓутоа и покрај забраната еве се случуваат пожари. Ние сме хендикепирани во тоа, во однос на другите држави. Повеќето наши колеги кои одат на планина, си отидоа надвор од Македонија за да си направат тренинг, затоа што сепак одењето на Кораб си бара издржливост. А ние сето тоа сега го правиме доле, покрај Варадар, идеме во сала, се возат велосипеди и така во тој стил се прават тие тренинзи

Дали очекувате институциите да го удостојат вашето барање и да дозволат движење во период кога ќе се одржува почесниот марш на Кораб.

И лани имаше забрана за движење, меѓутоа маршот се одржа. Нашто барање сега е во тој дел. Ние например колку можеме ќе се припремаме. Не можеш да одиш на Кораб, седејќи дома, тоа. бара да се подготвиш, бара едно пет-шест пати да се искачиш на 2000-2500 метри надморска височина, за да можеш да се аклиматизираш. Ние баравме сега да ни дозволат еве на пример за Солунска глава, за Кожув, за овие поголемите, да можеме да одиме и да си се вратиме. Е сега , тие ни велат никој нема против да идете, но било што да се случи вие сте на списокот, ако се појави пожар, вие ќе знаете кој го направил. А ние од кај да знаеме горе кој се се движи и како се движи. Овие два месеци имаше забрана, меѓутоа и покрај забраната еве се случуваат пожари. Ние сме хендикепирани во тоа, во однос на другите држави. Повеќето наши колеги кои одат на планина, си отидоа надвор од Македонија за да си направат тренинг, затоа што сепак одењето на Кораб си бара издржливост. А ние сето тоа сега го правиме доле, покрај Варадар, идеме во сала, се возат велосипеди и така во тој стил се прават тие тренинзи.

А што ќе биде со планинарите кои доаѓаат од странство, а сакаат да учествуваат на овој настан.

Имаме сега ние најава на гости, кои сакаат да ги носиме на Кожув, на Солунска глава и тука сме малку во неубава ситуација. А од друга страна замислете тие имаат тука платени аранжмани преку туристички агенции за десет дена пред да одат на Кораб. И не е еден или двајца, маса на луѓе се. Ама не знаеме што да им одговориме. Сега ќе видиме, стапивме во контакт со луѓето кои го организираат настанот, па да видиме дали тие може нешто да издејствуваат, ако не ќе си пропадне.

Значи стравувате дека постои можност воопшто да не се одржи манифестацијата.

Манифестацијата не ми се верува дека нема да се одржи, нема да се одржи она што ние сме го зацртале, например да направиме две качувања до Солунска глава, две качувања до Кожув, одење на Беласица, тоа ќе ни пропадне 100 насто, бидејќи времето си оди, а забраната трае се уште.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG