Достапни линкови

Руски анти-геј активисти поднеле тужба против Мадона


Руски анти-геј активисти поднеле тужба против Мадона, за навреда со тоа што им одала јавна подршка на хомосексуалците за време на нејзиниот концерт во Санкт Петербург. Активистите бараат таа да им плати 10 милиони долари за навреда. Тужбата се однесува и на организаторите на концертот и на сопствениците на салата каде се одржал.
Окружниот суд во Санкт Петербург соопшти дека до крајот на оваа недела ќе одлучи дали да ја прифати тужбата. За време на нејзиното шоу во Санкт Петербург, Мадона ги повика луѓето да ги почитуваат правата на хомосексуалците. Санкт Петербург претходно оваа година донесе закон според кој ќе се казнуваат луѓето кои промовираат хомосексуалноста за младите.
XS
SM
MD
LG