Достапни линкови

logo-print

До манастирот Трескавец ќе има пат


Манастирот Трескавец.

Манастирот Трескавец.

Пат во должина од 7,5 километри треба да го поврзува Прилеп и околните места со манастирот Трескавец-Богородица.

Деновиве започнува изградбата на патот што води до еден од најубавите манастири во Македонија Трескавец, што се наоѓа на 7.5 километри оддалеченост од Прилеп и на надморска височина од 1.280метри.
Должината е 7,5 километри со некоја ширина од 3,5 метри по должината, затоа што таков беше и проектот и е доволно за посета на манастирот, односно за поврзување на Прилеп и околните места со најубавото место во Прилеп, тоа е манастирот Трескавец-Богородица.

Овој е еден од најатрактивните православни храмови, којшто има култно место во колективната свест и православна традиција на прилепчани. Затоа изградбата на оваа делница е со огромнои значење колку за верниците, поклониците на христијанството, толку за планинарите, за љубителите на културното наследство, зашто храмот и црквата „Успение на Пресвета Богородица“ изобилуваат со елементри од 13, 14 век, но првата христијанска базилика била градена во 5, 6 век од нашата ера.

„Должината е 7,5 километри со некоја ширина од 3,5 метри по должината, затоа што таков беше и проектот и е доволно за посета на манастирот, односно за поврзување на Прилеп и околните места со најубавото место во Прилеп, тоа е манастирот Трескавец-Богородица“, изјави Илија Карески, раководител на локалниот оддел за урбанизам.
Пристапниот пат што ќе се изгради скоро, мислам дека ќе имаме огромна посета, а од нас зависи како ќе го поставиме редот и поредокот, како ќе се менаџира со оние гости, кои ќе бидат повеќе туристи, отколку поклоници во манастирот.

До 28-ми овој месец, кога ќе биде ставен камен темелникот на патот, за што ќе бидат потрошени 964 милиони денари од Министерството за транспорт и врски, треба да се решат сите проблеми околу имотно-правните односи, зашто има повеќе сопственици.

„Околу земјиштето има повеќе кориснички права. Голем дел е на Република Македонија, дел има од МПЦ, има заостанати делови од народни одбори, па од Ј.П за пасишта, мал дел од индивидуални лица, сето е нанесено во имотните листови, така да сметам дека брзо ќе оди разрешувањето на имотно-правните работи“, додава Карески.

Без оглед на временските услови и на фактот што реално нема пат до овој христијански храм, граѓаните се движат по кал, снег, мраз, на минус 10 и плус 30 степени секоја недела без исклучок тие се тука, зашто Трескавец го чувствуваат за свој.

„Манастирот по својата височина е највисоко место, изграден засега. Поради своето значење е многу битно поклониците да стигнат до манастирот, што е можно побргу и не само во летниот период, когa е можно и пеш да се стигне до таму, туку и во другите периоди од годината, кога има снегови и мразови, кога е просто недостапно да се качи горе. Пристапниот пат што ќе се изгради скоро, мислам дека ќе имаме огромна посета, а од нас зависи како ќе го поставиме редот и поредокот, како ќе се менаџира со оние гости, кои ќе бидат повеќе туристи, отколку поклоници во манастирот“, вели владиката Петар, во чија епархија е овој манастир.

Конаците на манастирот беа многу пати палени, изгорени до темел, но прилепчани, вљубеници во овој божји храм, повторно и повторно го градат. На раце носеа материјали за градба и Трескавец повторно блесна со својата убавина.

„Сметам дека е еден од најдолгите патишта до манастирите кои се од огромно значење, како што е Света Богородица-Трескавец, манастир од прва категорија, недоволно истражен од историчарите на уметноста и со огромно богатство, сакрално, културно... Станува збор и за еден најголем манастирски комплекс со конаци. Тоа сето бара да има услови за да може таму, како што беше оној пат кога се запалија конаците, да се однесе граѓата горе до манастирот, тоа беше најтешката работа, да се обноват конаците“, истакнува владиката Петар.

Фрескоживописот во црквата започнува од 14, па завршува со 19 век. Според пронајдените написи на мермерните споменици стари десетина векови, од 4 век п.н.е. до 4 век од нашата ера, овде постоела населба наречена Колобаиса, во чиј центар се наоѓал храм посветен на боговите Аполон и Артемида. Пред неколку години беа откриени и темелите на тој храм, каде што денес се наоѓа црквата. Потврда за оваа населба е и големата некропола откриена на само 300 метри од манастирот каде се закопувале мртвите. Траги од утврдени ѕидини можат и денес да се забележат околу манастирот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG