Достапни линкови

„Аман“ ги проширува протестите


Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата

Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата

Граѓанската иницијатива „Аман“ протестиtе против поскапувањата на струјата, парното и горивата, ќе ги продолжи и во други градови во Македонија.
Минатиот вторник имаше протести во Скопје и Битола, а за утре се планираат протести во три нови града - Тетово, Куманово и Прилеп.
Од Граѓанската иницијатива „Аман“ бараат да се укине ставката ангажирана моќност од 33 отсто, да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се врати цената на струјата и на парното од 2008 година, да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на, да се инвестира во одржливи извори на енергија, да се повлече новиот правилник на АД Топлификација и да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на народот.
Претставниците од „Аман“ информираат дека досега никој не ги повикал и не побарал да се сретне со нив.
XS
SM
MD
LG