Достапни линкови

logo-print

Средба Иванов - Рикер


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, 18 јануари 2012

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, 18 јануари 2012

Стратегиските цели на Македонија, членството во НАТО и Европската Унија како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси, беа централни теми на денешната средба во Охрид на претседателот Ѓорге Иванов со Филип Рикер, заменик помошник државен секретар на САД.

„Двајцата соговорници се согласија дека не постои одржлива алтернатива ниту за регионот, ниту за Република Македонија, освен целосна интеграција во Европската Унија и НАТО“, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

На средбата биле потврдени партнерските односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.
XS
SM
MD
LG