Достапни линкови

Непрекинатото трошење за споменици и други непродуктивни работи во услови на криза ја покажува ароганцијата на власта, велат аналитичарите.

Ароганција на моќта. Вака аналитичарите го оценуваат феноменот на нерационално трошење на Владата во период кога продолжува задолжувањето на земјата и кога се зголемуваат цените на парното и струјата, а продолжуваат да се градат и поставуваат споменици.
Во принцип, секогаш кога некоја влада премногу навлегува во она што се вика ароганција на моќта, значи она што е игнорирање на барањата на граѓаните и расфрлања со пари за нешто што не е примарна потреба, секогаш тоа и се одразува на таа Влада барем на долг рок.

Универзитетскиот професор Здравко Савески предупредува дека ваквото однесување, може да се одрази на пад на владиниот рејтинг.
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата.

Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата.


„Во принцип, секогаш кога некоја влада премногу навлегува во она што се вика ароганција на моќта, значи она што е игнорирање на барањата на граѓаните и расфрлања со пари за нешто што не е примарна потреба, секогаш тоа и се одразува на таа Влада барем на долг рок“, вели Савески.

Тој предупредува дека игнорирањето на социјалните протести поради високите цени на електричната и топлинската енергија може да го зголеми револтот кај граѓаните, а на тој начин социјалното незадоволство може да добие поширока димензија.
Инвестирањето во непродуктивни проекти само ќе го заголемат јавниот долг и мислам дека генерациите што доаѓаат ќе треба да го плаќаат овој долг што се прави на големо во овие неколку години.

„Конечно во Македонија има протест кој е поголем и кој е социјален и тој има потенцијал да се развие и да се прошири“, вели Савески.

Ваквото однесување на владата и начинот на кој таа менаџира со средствата, за дел од економските експерти е неприфатлив и неоправдан.

„Кога ги прашуваш владините функционери тие велат дека тоа се прави за да се обезбеди работа за домашните компании. Но ако во глобални рамки тие сектори се неконкурентни, како што е градежништвото и други во кои инвестира Владата, јас мислам дека ние правиме уште поголем проблем, зашто вештачки ги развиваме тие непродуктивни сектори кои и така и така би требало да ја почувствуваат кризата“, вели аналитичарот Висар Адеми.

Во анкета на нашата интернет страна, на прашањето дали Владата претера со изградбата на споменици, над 81 процент од граѓаните одговориле позитивно, а само 15 отсто мислат дека не е претерано.

Адеми предупредува дека трошењето пари на непродуктивни проекти, може да ја влоши економската ситуација во земјава и да повлече дополнителни ризици.

„Инвестирањето во непродуктивни проекти само ќе го заголемат јавниот долг и мислам дека генерациите што доаѓаат ќе треба да го плаќаат овој долг што се прави на големо во овие неколку години“, изјави Адеми.

Наместо во инвестирање во непродуктивни проекти кои значат градење на националниот идентитет, експертите сугерираат Владата да се фокусира на креативните компании и претприемништвото, на субвенционирање на извозно ориентираните сектори. Препорачуваат да не ги игнорираат повиците на граѓаните за кој секојдневното преживување станува вистински предизвик.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG