Достапни линкови

Сирија-Мисијата на набљудувачите на ОН формално заврши


Мисијата на набљудувачите на Обединетите нации во Сирија формално заврши според одлуката од минатата недела на Советот за Безбедност.Тим од 300 монитори беа распоредени во Сирија. Нивна улога беше да го набљудваат прекинот на огнот меѓу бунтовниците и владата, за што беше постигнат договор како дел од мировниот план на Кофи Анан. но вистина тоа никогаш не се одржа.
Наследникот на Анан,Брахими изјави дека негова улога не е да превенира цивилна војна , туку да стави крај на една таква војна.Околу 20 000 луѓе загинаа за време на анти владините протести во Сирија.
XS
SM
MD
LG