Достапни линкови

Заменикот помошник државен секретар на САД Рикер во посета на Македонија


Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, што ќе се оддржи во Охрид денеска.Рикер по покана од претседателот на Ѓорге Иванов, до 25 август е во посета на Република Македонија. Посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците. Заменикот помошник државен секретар Филип Рикер ќе посети и други земји во регионот. Ова е втора посета на амбасадорот Рикер на Македонија оваа година.
XS
SM
MD
LG