Достапни линкови

logo-print

Србија - 49 проценти од граѓаните се за влез во ЕУ


Влезот на Србија во Европската унија го поддржуваат 49 отсто од граѓаните, а 25 проценти се против, покажува истражувањето на српската владина Канцеларија за европски интеграции.
Доколку утре се одржи референдум со прашање „Дали го поддржувате зачленувањето на Србија во ЕУ?“ 49 отсто би гласале „за“, 25 проценти „против, а 19 отсто не би гласале, додека само осум проценти не знаат што би одговориле, се резултатите од истражувањето.
Резултатите покажуваат дека сегашното ниво на поддршка за ЕУ на граѓаните е за два проценти помало во однос на претходното истражување, но и дека е за три проценти помало на оние кои се против влезот на земјата во ЕУ.
Членството во ЕУ за 41 отсто од граѓаните би било добра работа, за 28 отсто - лоша работа, а 31 процент сметаат дека тоа не е ниту добра ниту лоша работа.
XS
SM
MD
LG