Достапни линкови

logo-print

Поради тајфун во Кина евакуирани половина милион луѓе


Најмалку две лица загинале, а две се водат за исчезнати во кинескиот регион Гангси, зафатен со невреме, јавуваат кинеските медиуми. Поради силните дождови и ветрот кој достигнува и 136 километри на час, повеќе од 530 илјади луѓе се евакуирани. Невремето уништило околу 4. 200 куќи. Тајфинот Каи –так го погоди југоисточниот дел на Кина во петокот, а според временската прогноза треба да престане кога ќе премине во југо-западна Кина.
XS
SM
MD
LG