Достапни линкови

Италијанските служби спасиле повеќе од 350 имигранти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Италијански полициски и воени бродови спасиле повеќе од 350 имигранти кои со два бродови биле донесени до осторовот Лампедуса во близина на брегот на северна Африка. Од италијанската поморска служба соопштуваат дека во еден брод имало 231 луѓе од подсахарска Африка, а во другиот чамец имало 126 Тунижани. Имигрантите кои не ги чека работа во Европа и тие кои нема да добијат азил, ќе бидат вратени во матичните земји. Годишно и по десетина илјади имигранти доаѓаат до брегот на Италија, главно со помош на криумчарење.
XS
SM
MD
LG