Достапни линкови

logo-print

Асанж побара САД да сопрат со „ловот на вештерки“


Полиција пред амбасадата на Еквадор во Лондон.

Полиција пред амбасадата на Еквадор во Лондон.

Џулијан Асанж од балкон на амбасадата на Еквадор во Лондон побара САД да стават крај на „ловот на вештерки“ на неговата организација Викиликс. Тоа беше првиот јавен настап на основачоот на Викиликс откако тој побара засолниште во амбасадата за да избегне екстрадиција во Шведска каде што е обвинет за сексуални малтретирања.
Асанж вели дека стравува дека ако биде екстрадиран во Шведска, може да биде предаден на САД, каде може да го обвинат за објавувањето на илјадници тајни американски дипломатски документи. Еквадор претходно оваа недела му даде азил на Асанж.
XS
SM
MD
LG