Достапни линкови

СДСМ и власта се обвинуваат за Крушево


СДСМ денеска од Крушево обвини дека власта не инвестирала доволно во овој град и оти му се навраќа само при одбележувањето на Илинден.
„Државата го посетува и почитува Крушево само за „Илинден“. Откако ќе заврши церемонијата на прославата, завршува и интересот за Крушево и Крушевчани. Дополнително на ова, оваа година се обидоа главната прослава за Илинден да ја преместат во Скопје. Главната прослава за Илинден треба да биде во Крушево. Тука и е местото. Запоставувањето од страна на централната власт е воочливо. И овој град подолго време е без инвестиции. Ги нема ветените вложувања и вработувања во дрвната индустрија. Запоставен е проектот „парк на ветерници“ и „сончев парк“, кој беше започнат во 2006 година, изјави денеска во Крушево секретарот на партијата Андреј Петров.

Тој го промовира Ташули Јуца како партиски кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ , пак, оценува дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, со изборот за кандидат за градоначалник за Крушево, продолжува на своја рака да кандидира свои блиски луѓе од транзицијата.

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски изјави дек Ташули Јуца, не само што не направил нешто за Крушево кога имал можност, туку, вели, се поврзува за една од сомнителните приватизации во градот.

„Ташули Јуца е дел од менаџерскиот тим на трговското претпријатие Универзал, кое во раните 90-ти пропадна, а неговиот капитал и недвижнини се раскрчмија “, рече Бичиклиски потсетувајќи дека граѓаните го казнија истиот избор за градоначалник на СДСМ во 2009 година
XS
SM
MD
LG