Достапни линкови

Ирак- бомбашки напад над сунитски свештеник


Еден сунитски муслимански свештеник е повреден, а најмалку еден од неговите телохранители е убиен во бомбашки напад во Багдад. Конвојот во кој бил свештеникот наишол на бомба поставена на патот по кој се движеле. Свештеникот и неговите соработници ја напуштиле џамијата по молитвата за празникот Рамазан Бајрам. Свештеникот Ал Симаидаеи неодамна апелираше до верниците да ја поддржат шиитската влада на Ирак заради безбедност. За разлика од периодот меѓу 2005-та и 2008-та кога насилство поттикнато од верските разлики го достигна својот врв, сега тоа е во опаќање, но се уште има напади. Околу 200 луѓе се убиени од почетокот на август.
XS
SM
MD
LG