Достапни линкови

Владо Илиевски се збогува со репрезентацијата


Само три дена по Тодор Гечевски, крај на репрезентативната кариера денеска објави и Владо Илиевски.

Ден по информацијата дека Илиевски го напуштил тимот на Локомотив Кубан, поради семејни причини, денеска со соопштение до јавноста тој информира и дека става крај на своите настапи во репрезентативниот дрес на Македонија.

Владо Илиевски со неполни 18 години, стана дел од најдобрата кошаркарска репрезентавија на Македонија, со која настапи и на Европските првенства во Франција 1999-та и Литванија 2011-та година, со која стигна до четвртото место.

Кошаркарот, кој ќе биде запаметен по неговата „тројка“ во полуфиналето против Литванија, како и неговата изјава веднаш по натпреварот „леле луѓе што направивме“.

Останувам најголемиот навивач на репрезентацијата и во кое било време сум подготвен да помогнам за доброто на македонската кошарка, порачува Владо Илиевски.
XS
SM
MD
LG