Достапни линкови

logo-print

Бесими и Волерс му одадоа почит на Џозеф Крузел


Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими и амбасадорот на САД Пол Волерс денеска во Скопје му одадоа почит на Џозеф Крузел, потписник на првиот Меморандум за билатерална соработка меѓу Македонија и САД. Tие положија цвеќе на бистата во Центарот за обука, кој го носи неговото име, а по повод одбележувањето на годишнината од неговото загинување.
Министерот Бесими рече дека од потпишувањето на овој прв билатерален договор за соработка во областа на одбраната меѓу Македонија и САД, таа постојано се надоградува, со што се потврдува партнерството меѓу двете земји.
Центарот за обука во касарна „Гоце Делчев“ го доби името „Џозеф Крузел“ од 1996 година. Центарот чија активност придонесува кон постигнување на НАТО стандардите неопходни за постигнување на компатибилност со силите на Алијансата, функционира и како регионален тренинг центар.
Џозеф Крузел загина пред 17 години во Босна и Херцеговина во неговијата мисија за Партнерството за мир, која беше покрената во НАТО на иницијатива на САД.
XS
SM
MD
LG