Достапни линкови

Десетици милитанти убиени во Авганистан


Еден од талибанските лидери во Авганистан Маулави Нур Мухамед и неговиот заменик се меѓу десетиците милитанти убиени вчера од воздушни напад во источната авганистанска провинција Кунар, соопштија претставниците на НАТО во Авганистан. Од НАТО соопштија и дека три странски војници кои служат во источниот дел на Авганистан загинале во бомбашки напад. Од Алијансата не соопштија повеќе детали за нападот. Повеќето странски војници во источен Авганистан се од САД.
XS
SM
MD
LG