Достапни линкови

logo-print

Честитка од претседателот Иванов за Рамазан Бајрам


Претседателот Ѓорѓе Иванов упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.

„Дозволете ми од мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, Вам, на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам еден од најсветите исламски празници Рамазан Бајрам, посакувајќи да го поминете во духот и традицијата на Вашата вера, исполнети со среќа и радост, се вели во честитката од претседателот.

Претседателот во честитката го потенцира придонесот на Исламската верска заедница во градењето на соработката помеѓу сите религиски заедници во Македонија.

„Уверен сум дека нашиот заеднички стремеж е просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани на Македонија, како и јакнењето на меѓусебното почитување и соживотот, како стожерни вредности на нашето општество“, се вели во честитката по повод Рамазан Бајрам
XS
SM
MD
LG