Достапни линкови

Македонски Брод најавува „испловување“ од стопанскиот колапс


Општина Македонски Брод.
Општина Македонски Брод.

Асфалтирање на патишта, градење на мостови, водоводи, уредување на туристички места, најавува Општина Македонски Брод.

Општина Македонски Брод реализира низа инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат урбаниот живот на жителите, колку во градот, толку и во околните 51 населно место. Во градот ќе се градат 14 улици, со широчина од 8 метри, според сите стандарди. Паралелно продолжува изградбата на локалните мостови, во селата Слатина, Манастирец и Самоков, а следниот месец ќе се градат во селата Ковче и Могилец.
Овие мостови се од огромно значење за локалното население, сакам да потенцирам, бидејќи се мостови преку помали реки, но во зима надоаѓаат и не можат да се движат, повеќе маалски мостови и мостови преку кои преминуваат за да стигнат до нивните ниви за да ги обработат, бидејќи нашите села од тоа егзистираат.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

„Овие мостови се од огромно значење за локалното население, сакам да потенцирам, бидејќи се мостови преку помали реки, но во зима надоаѓаат и не можат да се движат, повеќе маалски мостови и мостови преку кои преминуваат за да стигнат до нивните ниви за да ги обработат, бидејќи нашите села од тоа егзистираат“, вели Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

Тој додава дека во тек се активностите за уредување и на коритото на реката Треска. Овој проект се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, а треба да заврши до средината на следниот месец, кога се планира да биде пуштен во употреба. Половина од парите се обезбедени од агенцијата, а другата половина од локалниот буџет.
Селото Лукште каде во текот на годината се собираат повеќе од 200 или 300 тони костени, досега беа запоставени, патот е многу лош и граѓаните ги собираа, меѓутоа тешко ги транспортираа бидејќи патот беше во катастрофална состојба. Сега со добивање на асфалт ќе добијат можност да ги приберат плодовите и да си обезбедат средства за егзистенција на своите семејства.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

Со пари од Европска банка и Светска банка, пак, ќе започне изградбата на патиштата од Самоков до село Лукште, а потоа до Калуѓерец, до село Близанско, па патот за Требовље, Заград, Волче, Зркле и Долно Крушје,односно ќе се градат патишта во должина од 40 километри. Оваа инфраструктура ќе помогне и за економски развој на селата.

„Селото Лукште каде во текот на годината се собираат повеќе од 200 или 300 тони костени, досега беа запоставени, патот е многу лош и граѓаните ги собираа, меѓутоа тешко ги транспортираа бидејќи патот беше во катастрофална состојба. Сега со добивање на асфалт ќе добијат можност да ги приберат плодовите и да си обезбедат средства за егзистенција на своите семејства“, смета градоначалникот Војнески.

Сушица, Црешнево, манастирот Света Богородица и уште три други села, ќе добијат водоводи, за што се обезбедени 800.000 евра. Завршени се сите подготовки за продажба на плацеви, кои сега се во ингеренции на локалната власт,а се наоѓаат крај езерото Козјак,во селата Близанско и Здуње.

„Со почетна цена од 1 евро по електронски пат, да се наддаваат и да си купат плац, повеќе е тоа интерес на скопјани, бидејќи туристичката населба се наоѓа на 40 километри до градот Скопје. Вкупно имаме 540 плацеви, во правата фаза ќе одиме со 200 плацеви и продажба на плацеви за угостителски објекти, инфраструктурно бидејќи како што кажав интересот е огромен, ќе има можност да проработат и помали ресторани, помали хотели, имаме продадено плацеви за два хотели поголеми“.

Едно евро е почетната цена за м2 простор во стопанската зона. Инвеститорите покажуваат интерес за помали работилници, мини фабрики кои се занимаваат со помали бизниси.

„Туристичките потецијали најмногу се засноваат на развој на езерскиот туризам, бидејќи езерото Козјак е на наша територија со должина од околу 40 километри. И посебно со развој на риболовниот туризам, бидејќи езерото е многу богато со риба и тука престојуваат туристи кои ловат риба како хоби, дури има и професионалци кои се занимаваат со продажба“.

Концесијата за езерото ја доби националниот парк „Јасен“. Во својот проект предвидува пробниот маратон пред оној што се одржува традиционално во Охрид, да се одржи на езерото Козјак. Се планираат многу пловни објекти, ресторани на вода, а бенефитите на проектот ќе ги ефектуира општината. Сите овие активности како што истакнуваат локалните власти се со цел да се стимулира економскиот развој, да се стават во функција природните ресурси, минералните суровини, посебно доломит којшто го има во огромни количества и едноставно општината да стави крај на стопанскиот колапс којшто трае речиси две децении.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG