Достапни линкови

Почна Охридски пливачки маратон


Дваесет и девет од пријавените 30 пливачи точно на пладне запливаа во водите на Охридското Езеро, на стартот на 26-от меѓународен Охридски пливачки маратон.

На патеката долга 30 километри пливаат 18 мажи и 11 жени.
Временските услови без бранови на езерото, со температура на водата од 22 до 25 степени, поволни за добра трка и можеби нов рекорд на патеката. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу пет и пол часа.
Самата трка ќе се одвива со минување на учесниците низ десет контролни точки и три места на кои ќе се мери времето на минување. За регуларноста на трката ќе се грижат петнаесетина судии распоредени во четири чамци, а финишот на трката ќе биде сниман на видео-запис, согласно регулативите на ФИНА. Охридскиот пливачки маратон со награден фонд од 25 илјади долари се одржува под покровителство на претседателот на Ѓорѓе Иванов.
XS
SM
MD
LG