Достапни линкови

Асад се појави во јавност по повеќе од едномесечна пауза


Во центарот на Алепо, момче гази по портретите на Асад.

Во центарот на Алепо, момче гази по портретите на Асад.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска се појави во џамија на одбележувањето на крајот на Рамазан. Сириската државна телевизија објави снимки како Асад се моли во една џамија во Дамаск. Последното појавување во јавноста на Асад беше на 4 јули, кога одржа говор во парламентот. Денеска во придружба на Асад беа високи функционери, но не и неговиот заменик Фарук ал Шара. Се шпекулира дека тој преминал на страната на опозицијата. Но, од канцеларијата на Шара ги негираат овие извештаи. Во меѓувреме во Алепо продолжуваат борбите меѓу владините сили и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG