Достапни линкови

Во авионска несреќа во Судан загинале 31 човек


Илустрација.

Илустрација.

Во авионска несреќа во Судан загинале 31 човек. Авионот превезувал владина делегација која требало да пристигне во отцепениот од Судан регион Јужен Кордофан. Портпаролот на суданската служба за воздушна пловидба, изјави дека патниците требало да присуствуваат на одбележувањето на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Суданските медиуми јавуваат дека двајца од загинатите биле владини министри.
XS
SM
MD
LG