Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан


Во експолозија на бомба скриена на гробишта во јужниот дел на Авганистан загинале еден полицаец и неговиот брат. Тие со семејството биле во посета на гробот на еден нивен роднина по утринската молитви по повод одбележувањето на празникот Рамазан Бајрам. Двајцата убиени се браќа на пратеникот Абдулвадор Попал од провинцијата Лашкар Гах. Но пратеникот не бил на гробиштата во времето на експлозијата. Од локалната полиција се сомневаат дека бомбата била насочена кон него.
XS
SM
MD
LG