Достапни линкови

Во Пакистан убиени седум милитанти


Најмалку седум пакистански милитанти биле убиени рано утрово во Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан во ракетни напади од беспилотни американски летала, соопшти пакистанската разузнавачка служба. Според нивнитe извештаи ракетите погодиле две возила кои пренесувале милитанти во областа Мана во Северен Вазиристан. Во таа област дејствуваат милитанит под команда на пакистанскиот талибански лидер Хафиз Ѓул Бахадур. И вчера во напад на беспилотни летала во истата област биле убиени петмина милитанти за кои се верува дека се од групата на Ѓул Бахадур.
XS
SM
MD
LG