Достапни линкови

Рикер во посета на Македонија


Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, по покана од претседателот Ѓорге Иванов, од денеска до 25 август ќе престојува во посета на Македонија, соопшти американската Амбасада во Скопје.

Предвидено е Рикер да се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, што ќе се оддржи утре во Охрид.
Посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците.
Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот.
Ова е втора посета на амбасадорот Рикер на Македонија оваа година.
XS
SM
MD
LG