Достапни линкови

Шојбле - нема дополнителна финансиска помош за Грција


Германскиот канцелар Ангела Меркел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германскиот канцелар Ангела Меркел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германија е против дополнителна финансиска помош за Грција, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Тој вели дека можностите на ЕУ за обезбедување финансиска помош на Грција не се безгранични.

Претходно и од канцеларијата на германскиот канцелар Ангела Меркел соопштија дека таа се придржува кон важечкиот договор за обврските на Грција, според кој, Атина има рок до 2014 година да ги заздрави финансиите и да изврши структурни реформи, кои Грција ги вети во замена за финансиска помош.
Ставот на Германија го застапуваат и други европски земји како Финска, Естонија и Словачка.
На спротивна позиција се Франција и некои јужни европски земји, кои се подготвени да дадат нова помош на Грција, со цел да се избегне нејзино излегување од еврозоната.

Грчката Влада треба да го исполни својот дел од договорот , односно да заштеди 11,5 милијарди евра во 2013 година и 2014 година. Во извештајот на тројката кредитори се нагласува дека грчката влада не може да каже како ќе ги заштеди овие пари.
Од инспекцијата на тројката во септември ќе зависи и доделувањето на следната транша од заемите за Атина во висина од 31,5 милијарди евра
XS
SM
MD
LG