Достапни линкови

АРМ со парада го одбележа роденденот,постхумно одликувани бранителите



По повод 20-годишниот јубилеј на Армијата на Република Македонија, претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска постхумно одликува со Медал за храброст 57 припадници на вооружените сили кои храбро и пожртвувано ги дадоа своите животи за татковината, меѓу кои и на 11-те припадници на Армијата кои на 12 јануари 2008 година, враќајќи се од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, загинаа во хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод Денот на Армијата на Република Македонија и јубилејот „20 години АРМ“ во парада предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески беа претставени единиците кои се дел од Армијата . Баталјони од 1. механизирана пешадиска бригада, припадниците на баталјонот за Почести, ешалон припадници на Армијата на САД и ешалон од бригадата за логистика продефилираа пред државно-воениот врв и останатите членови на Владата, како и пред многубројните граѓани,Со повторен прелет на воздухопловите во составот на Армијата на Република Македонија, официјално беше завршена парадата по повод Денот на Армијата и јубилејот „20 години АРМ“.

XS
SM
MD
LG