Достапни линкови

Продолжуваат Меѓународните критики порaди пресудата за „Pussy Riot“


Русија втор ден продолжува да се соочува со критики поради две годиншната затворска казна која ја добија трите членки на руската панк група „Pussy Riot“ , а во врска со нивниот настап во московската црква „Христос Спасителот“. Министерството за надворешни работи на Русија денеска реагирајќи на критиките поради пресудата на членките на групата Пуси Рајот соопшти дека некои западно европски земји исто така имаат закони кои подразбираат строги казни за кривично дело насочени против религијата и религиозните убедувања.
XS
SM
MD
LG