Достапни линкови

logo-print

Работа,стан,пензија за бранителите со предложениот закон на ВМРО-ДПМНЕ


Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ до Собранието на Р Македонија поднесува Предлог за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства, Со законот ќе се уредат посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства,. Со законот се дефинира дека припадници на безбедносните сили се лица од војник па се до воен обврзник во резервниот состав на АРМ и МВР, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот, сметано од 1 јануари 2000 година до 31 декември 2001 година. Под учество во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на РМ и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот, според Предлогот, се подразбира организирано дејствување на припадниците на безбедносните сили во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации. За загинат припадник на безбедносните сили се смета припадник на безбедносните сили кој загинал во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации. На припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, како што се предвидува со Предлогот, им се утврдуваат следниве посебни права: ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги, вработување, стан под закуп - станбено згрижување, еднократен паричен надоместок, права од областа на образованието, работен стаж во двојно траење, семејна пензија, најниска пензија, сместување во старечки домови, одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.
XS
SM
MD
LG